|
Клиника
за инфективни
болести и фебрилни
состојби, Клинички центар, Скопје |
Адреса Водњанска 17, 1000 Скопје, Р. Македонија тел. +389 (0)2 3228 224; факс. +389 (0)2 3228 224 e-mail: info@zim.org.mk |
|---|---|---|
| www.zim.org.mk |
|
ОРГАНИЗАЦИСКА ПОСТАВЕНОСТ
|
II. СТАЦИОНАР Болничкиот дел на Клиниката располага со 65 болнички соби, со капацитет од 129 болнички
кревети. Сите соби имаат природна светлина и се опремени со посебен тоалет
и туш кабина. Во фаза на изградба се наоѓа комплетно
нов оддел за имунокомпромитирани пациенти. Стационарниот дел на Клиниката е сместен
на четири ката, поделен според патологија на оддели. Секој оддел е поделен
на два отсека. Со одделите раководат шефовите на оддели, при што на секој
оддел има по два лекари на отсек.
Одделението за лабораториска и етиолошка
дијагностика се состои од: 1. лабораторија за биохемиска дијагностика
2. лабораторија за микробиолошка лабораториска дијагностика 3. лабораторија за имунолошка лабораториска дијагностика 4. лабораторија за молекуларна дијагностика Имунолошката лабораторија при Клиникатарасполага со најсовремените апарати: Системот овозможува широка палета на квантотативна и квалитативна
детекција на голем број на причинители на инфективни болести за краток
временски период. Со опцијата за СТАТ (итни) анализи можна е изработка на
анализа во рок покус од 15 до 20 мин без оглед во која фаза на процес
е апаратот. Behring имунолошките тестови
се со докажан квалитет и по препорака на СЗО за детекција на HIV,HBV,HAV,EBV.CMV и др. Исто така во можност сме да користиме и ELFIA техника во серолошката
дијагностика која ја користи BioMerieux - Mini
Vidas анализатор. Една од ексклузивностите на овој апарат се највисоката генерација
на тестот за HIV 1 /2 и P 24 конфирматорниот тест. Во отсекот за имунологија се работат и конфирматорните техники
- имуноблот. -Western Blot HIV1/2 за детекција на антитела
за HIV
1 / 2 во серум.За оваа
метода како и за највисокогенерациските
ЕЛИСА методи за антиген и антитело детекција
на HIV вирусот,лабораторијата
при Клиниката е референтна лабораторија за Р.Македонија. - VITROS EKTACHEM 250
- претставува современ биохемиски анализатор кој работи врз принцип на сува
хемија, погоден за рутински и итни анализи со кои се задоволуваат индивидуалните
барања на современите клинички лаборатории. Техничките перформанси на
апаратот овозможуваат голема прецизност, брзина и точност на изработените.анализи,
при што се користи минимално количество на материјал за анализа (серум,
плазма, урина и цереброспинална течност). На овој апарат се одредуваат
голем број на биохемиски параметри во серија, со помош на колориметриски,
потенциометриски и имунохемиски анализи. -COBAS
EMIRA – претставува целосно селективен повеќеканален биохемиски
анализатор кој работи врз принцип на
фотометрирање на водени раствори и турбидиметриска анализа, при што овозможува
со минимално количество на примерокот да се анализираат повеќе биохемиски
и имунолошки параметри истовремено, како што налага и современата лабораториска
дијагностика. Апаратите со кои што располага нашата биохемиска лабораторија
исто така ни овозможуваат и формирање
на богата база на податоци за подолг временски период (годишен), која е од особено значење за современите лабораториско
- дијагностички цели. Со цел одржување на висок квалитет на
услугите и егзактна и брза дијагностика, Клиниката се труди да држи чекор
со најсовремените достигнувања на полето на медицинска апаратура и технологија.
Најнов допринос на тоа поле претставува набавката на: - COBAS AmpliPrep/COBAS TaqMan 48 Sistem Roche - Комплетно автоматизиран
систем за екстракција, изолација и прочистување на генетски материјал
од патогени во примероци од крв,
серум, плазма, урина, ликвор, фецес. Апаратот за автоматска амплификација и детекција на ДНК и РНК -Real Time PCR TaqMan48
е единствен апарат кој овозможува
едновремено работење на 2 различни теста со сензитивност 40копии/мл и
специфичност 100%. |
Контрола на интрахоспитални инфекции Стандардни мерки на заштита (Упатство бр 1) PDF (334KB) Извадок од стандардните мерки за заштита (Упатство бр1a,b и c) PDF (42KB) Хигиена на рацете (Упатство бр 2) PDF (88KB) Мерки при сомнеж за птичји грип (Упатство бр 3) PDF (122KB) Стручни смерници за примена на Oseltamivir при инфлуенца (Упатство бр 3а) PDF (146KB) Медицина базирана на докази |