ZIM-logo

ЗДРУЖЕНИЕ НА ИНФЕКТОЛОЗИТЕ

НА МАКЕДОНИЈА

Настани

Здружението на Инфектолози организира редовни стручни состаноци, најмалку два пати годишно на кои се презентираат теми од интерес не само за инфектолозите, него и за колегите од општа пракса, семејна медицина и пошироко. Исто така ЗИМ организира работилници и стручни предавања, не само со истакнати имиња од областа не медицината од земјава, него и странски предавачи.

Во рамките на Здружението се организирани 4 конгреси на инфектолози со меѓународно учество, а во тек е организацијата и на петтиот конгрес, кој ќе се одржи од 27-30 Октомври, 2016 година.

Преку организацијата на овие стручни состаноци, Здружението на своите членови, им овозможува континуирана медицинска едукација и редовно обновување на веќе етаблираните знаења и вештини, но истовремено  им овозможува увид во новите теоретски и практични сознанија од областа на инфектологија.

Денес, кога светот со еден допир на тастатурата на компјутерот ни е на дофат на рака, но истовремено кога темпото на животот и работните обврски не оддалечуваат еден од друг, Здружението на инфектолози со своите средби претставува еден добредојдено матине помеѓу стари и добри пријатели.

Ја продолжуваме позитивната традиција на средби, размена на идеи, искуства и знаења.

Дата

Настан

Место

27-30.10.2016

5-ти Конгрес на Инфектолозите на Македонија

Охрид, Хотелски комплекс Метропол

27.10.2016

Школа за Инфектолози

Охрид, Хотелски комплекс Метропол