ZIM-logo

ЗДРУЖЕНИЕ НА ИНФЕКТОЛОЗИТЕ

НА МАКЕДОНИЈА

За нас

Живееме во време во кое константите, а со тоа и досега за нас познатите граници се поместуваат, каде она, добро познатото и усвоено во медицината дека два и два не се четири секој ден се потврдува. Сведоци сме на едно време каде напредокот на индустријата, промената на климатските фактори, бришењето на границите дозволува појава на нови, како и афирмација на болести кои едно време биле избришани од едно географско подрачје, но поради сите наведени причини повторно се појавуваат, односно покажуваат едно ново, видоизменето лице. Здружението на Инфектолози на Р. Македонија со своите дejности има за цел пратење и навремено информирање и про-активно делување во однос на сите нови случувања од областа на инфектологијата и алертирање на своите членови за промените во  инциденцата, преваленцијата, дијагностиката и терапијата како на старо-новите, така и на ново појавувачките болести од областа на инфектологијата.  Благодарение на  начинот на организацијата и делувањето на Здруженито, преку редовното организирање на стручни состаноци, како и благодарние на  своето членство со активна партиципација и  посетата на конгреси,  Здружението на Инфектолози е во тек со најновите трендови од областа на хепатологијата, респираторните и цревните инфекции, инфективните заболувања на централниот нервен систем, зоонозите, предизвикот што го носи ХИВ/СИДА, како и инфективните заболувања од ургентната медицина.

Организација

Здружението брои 101 член.

Во 2008 година е избрано следното претседателство на ЗИМ:

  • проф.д-р Снежана Стојковска - претседател,
  • ас.д-р Марија Димзова - секретар на Здружението
  • д-р Иван Видиниќ - благајник.

Членови на Едукативниот Одбор при ЗИМ од 2008 година до сега се:

  • Проф.д-р Звонко Миленковиќ
  • Проф. д-р Виолета Груневска и
  • Проф. д-р Снежана Стојковска

Членови на Управниот одбор на ЗИМ се:

  • д-р Џули Ристевска
  • д-р Дијана Шишкова
  • д-р Ратко Наумовски
  • д-р Снежана Бисимовска
  • д-р Лиле Манинска
  • д-р Нехат Хиса

 

 

Историја

Во 1962 година формирана е Секцијата на инфектолозите при МЛД со седиште на Клиниката, која во 1993 година, прерасна во Здружение на инфектолозите на Македонија ЗИМ.

Досегашни претседатели на Здружението на инфектолозите на Македонија биле:

  • проф д-р Звонко Миленковиќ, 1994-1999 год.
  • проф д-р Љубомир Ивановски 1999-2004 год.
  • проф.д-р Виолета Груневска 2004 -2008 година.